ПРВ.мк
Црна Хроника

193 ТАБЛЕТИ МУ ИСПАДНАЛЕ ОД ЏЕБОТ ПРЕД ЗАТВОРОТ ВО ВЕЛЕС: 24-годишник веднаш приведен!

193 ТАБЛЕТИ МУ ИСПАДНАЛЕ ОД ЏЕБОТ ПРЕД ЗАТВОРОТ ВО ВЕЛЕС: 24-годишник веднаш приведен!

Дваесет и четиригодишен велешанец бил приведен откако во кругот на затворот во Велес од неговиот џеб испаднале дури 193 таблети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, вчера во 20:45 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Р. (24) од Велес. Тој бил забележан во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово – Отворено одделение Велес“.

При тоа, од џебот на младиот велешанец паднале 193 таблети, кои полициските службеници ги пронашле и ги одзеле.

Д.Р. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.