ПРВ.мк
Скопје

ПАЈАКОТ НЕ МИРУВА ВО СКОПЈЕ: За само една недела отстранети дури 120 непрописно паркирани автомобили!

ПАЈАКОТ НЕ МИРУВА ВО СКОПЈЕ: За само една недела отстранети дури 120 непрописно паркирани автомобили!

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ продолжува со акциите за отстранување на непрописно паркираните возила на територијата на општината. Во периодот од 26 октомври до 1 ноември 2026 година, специјалните возила „Пајак“ подигнале вкупно 120 автомобили кои биле паркирани спротивно на сообраќајните правила и го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од претпријатието посочуваат дека неправилното паркирање останува еден од проблемите што придонесуваат за создавање сообраќаен метеж и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Оттаму нагласуваат дека за трајно надминување на ваквата состојба не се доволни само контролните активности, туку е потребно и подигнување на сообраќајната култура кај возачите.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштија од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Од претпријатието најавуваат дека акциите ќе продолжат и во наредниот период, а целта е да се спречи непрописното паркирање, да се овозможи непречено движење и да се зголеми безбедноста на улиците во Центар.