„Интересот на граѓаните пред секој друг интерес!“ – порача Дарко Костовски во објава на социјалните мрежи, споделувајќи видео од простор за кој истакна дека наместо да биде исполнет со бетон, денес е претворен во зелена површина.
Со пораката тој нагласи дека на местото каде што можело да има бетонска градба, сега има зеленило, живот и простор достапен за сите граѓани.
„Таму каде што можеше да има бетон, денес има зеленило, живот и простор за сите. Толку е едноставно!“, напиша Костовски.
Со оваа објава тој ја истакна важноста на јавниот интерес и зачувувањето на зелените површини, нагласувајќи дека потребите на граѓаните треба да бидат пред сите други интереси.









