ПРВ.мк
Македонија

АЛТА БАНКА ОД МАКЕДОНИЈА СО ИТНО СООПШТЕНИЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Еве што порачуваат од банката, ова морате да го направите веднаш!

АЛТА БАНКА ОД МАКЕДОНИЈА СО ИТНО СООПШТЕНИЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Еве што порачуваат од банката, ова морате да го направите веднаш!

АЛТА банка АД Битола соопшти дека продолжува со редовно и непречено работење, нагласувајќи дека нејзините клиенти и понатаму имаат целосен пристап до своите средства.

Реакцијата на банката следува по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Од битолската банка посочуваат дека случувањата во Србија не значат автоматска промена на финансиската состојба или правниот статус на банката во Северна Македонија.

Во објавата на социјалните мрежи, од АЛТА банка АД Битола информираат дека сите експозитури и банкомати функционираат вообичаено, а клиентите можат слободно да ги користат своите депозити, да подигнуваат готовина и да вршат банкарски трансакции според редовните услови на работење.

„Клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Граѓаните можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, во согласност со вообичаените услови на работење“, наведуваат од банката.

Оттаму додаваат дека АЛТА банка АД Битола е самостојно правно лице, регистрирано во Северна Македонија, кое работи согласно домашните законски прописи и е под непосреден надзор на Народната банка на Северна Македонија.

Банката нагласува дека располага со сопствен капитал, средства и обврски, поради што случувањата поврзани со истоимената банка во Србија не треба автоматски да се поврзуваат со нејзиното работење во земјава.

Во соопштението се истакнува и дека институцијата останува посветена на заштитата на интересите на клиентите, финансиската стабилност и зачувувањето на довербата.

„Дополнително нагласуваме дека околностите во Република Северна Македонија суштински се разликуваат од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи“, се наведува во објавата.

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО АЛТА БАНКА ВО СРБИЈА?

Народната банка на Србија соопшти дека на 30 октомври, по спроведени контролни активности и претходно изречена привремена мерка, ѝ ја одзела дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград.

Одлуката, како што информираат од српската централна банка, била донесена со цел заштита на депонентите и другите доверители, како и спречување на можни негативни последици врз општеството и економијата.

На штедачите им било најавено дека навремено ќе добијат информации во која банка ќе можат да ги подигнат своите депозити до осигурениот износ од 50.000 евра. Ќе бидат известени и за начинот на пријавување на останатите побарувања и нивната исплата.

Агенцијата за осигурување на депозити во Србија најавила дека исплатата на осигурените депозити ќе започне најдоцна во рок од седум работни дена од донесувањето на решението на Привредниот суд во Белград за отворање стечајна постапка над банката.

Во меѓувреме, Здружението на банки на Србија соопштило дека финансискиот сектор во земјата е сигурен, ликвиден и добро капитализиран. Според нив, одлуката на Народната банка на Србија е донесена со цел заштита на клиентите и зачувување на довербата во финансискиот систем, а овој поединечен случај не се очекува да влијае врз работењето на останатите банки во Србија.

Најнови вести