ПРВ.мк
Скопје

НОВА ГРАДИНКА ВО КАРПОШ ДОБИВА НОВ ЛИК! Еве колку нови места ќе има за најмалите

НОВА ГРАДИНКА ВО КАРПОШ ДОБИВА НОВ ЛИК! Еве колку нови места ќе има за најмалите

Изградбата на новата детска градинка „Пролет 2“ во скопската населба Козле напредува со засилено темпо. Со реализацијата на проектот, најавуваат од Општина Карпош, ќе се обезбедат современи услови за престој и згрижување на вкупно 146 деца.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршиле увид во тековните градежни активности и напредокот на изградбата.

Според проектната документација, објектот ќе има вкупна површина од 2.700 квадратни метри, во која се вклучени подземните и помошните простории. Од нив, 1.100 квадратни метри ќе бидат на приземјето, каде што ќе се наоѓаат сместувачките капацитети, додека првиот кат, со површина од 1.000 квадратни метри, ќе биде наменет за згрижување на децата.

Предвиден е и подземен паркинг со површина од 600 квадратни метри.

По обиколката на градилиштето, во административната зграда на Општина Карпош се одржала и работна средба меѓу градоначалникот Лукровски, министерот Велковски и нивните соработници.

На состанокот се разговарало за актуелните потреби и предизвици во областа на социјалната и детската заштита, како и за можностите за реализација на заеднички проекти во иднина.

Меѓу темите на разговор биле и подобрувањето на условите во детските градинки, но и унапредувањето на квалитетот на живот на повозрасните граѓани кои престојуваат во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Бардовци.

Од Општина Карпош посочуваат дека продолжуваат со инвестициите во инфраструктурата и воспитно-образовните установи, со цел создавање подобри услови за живот на сите жители.

Најнови вести