ПРВ.мк
Црна Хроника

ТУРИСТ ОД БУГАРИЈА НАПАДНАТ И ОГРАБЕН ВО СКОПЈЕ! Полицијата го бара напаѓачот - еве што се му одзел!

ТУРИСТ ОД БУГАРИЈА НАПАДНАТ И ОГРАБЕН ВО СКОПЈЕ! Полицијата го бара напаѓачот - еве што се му одзел!

Два одделни инцидента биле пријавени во СВР Скопје на 30 октомври 2026 година, едниот на подрачјето на општина Аеродром, а другиот во Кисела Вода.

Во првиот случај, во 23:45 часот, К.Б. (53) од Република Бугарија пријавил дека околу 22:23 часот, на подрачјето на општина Аеродром, бил нападнат од едно лице. Според пријавеното, сторителот употребил физичка сила, го турнал на земја и му го одзел мобилниот телефон.

Во вториот случај, во 12:15 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на подрачјето на општина Кисела Вода. До инцидентот дошло по претходно недоразбирање меѓу В.П. (38) и М.М. (44), двајцата од Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за двата настана се преземаат соодветни мерки. По целосното документирање на случајот со физичката пресметка ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести