ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) МАСАКАР ВО АМЕРИКА! Има загинати и тешко повредени, полицијата трага по напаѓачот - еве каква порака им оставил!

(ВИДЕО) МАСАКАР ВО АМЕРИКА! Има загинати и тешко повредени, полицијата трага по напаѓачот - еве каква порака им оставил!

Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавницата „Spirit Halloween“ во трговскиот центар „Солано Таун Центар“ во Ферфилд, Калифорнија. Полицијата трага по напаѓачот и работи на неговото идентификување, соопштија американските власти.

Според шефот на полицијата во Ферфилд, Ден Маршал, најмалку тројца од повредените се во критична состојба. Сите жртви биле пренесени во блиската болница.

Пукањето се случило претходната вечер, околу 20:30 часот по локално време. Детективите работат на утврдување на идентитетот на осомничениот или осомничените кои стојат зад нападот, пренесе NBC.

Дејвид Бернал за телевизијата KCRA изјавил дека неговата сопруга се наоѓала во продавницата кога напаѓачот почнал да пука. Таа успеала да се спаси заедно со уште неколку лица, користејќи го излезот за итни случаи.

„Таа сега е дома, но сè уште е во шок“, изјавил Бернал.

СМРТОНОСНО ПУКАЊЕ И ВО МИЧИГЕН

Само неколку часа пред инцидентот во Калифорнија, пукање било регистрирано и во продавница „Spirit Halloween“ во Медисон Хајтс, во сојузната држава Мичиген.

Во тој напад бил убиен 21-годишен маж од Детроит. Тој се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите, соопштила полицијата.

Осомничениот за пукањето, исто така 21-годишник, се здобил со повреди кои не биле опасни по живот, откако неколку минувачи го нападнале додека полициските службеници го приведувале. И тој бил пренесен во болница.

Полицијата очекува против осомничениот да биде поднесена кривична пријава.

Засега нема индиции дека двата вооружени инцидента во продавниците од истиот синџир се меѓусебно поврзани.

Најнови вести