ПРВ.мк
Свет

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ПРОФЕСОРОТ КОЈ ДО СМРТ ПРЕТЕПАЛ 15-ГОДИШЕН УЧЕНИК: - еве каде последно е виден!

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ПРОФЕСОРОТ КОЈ ДО СМРТ ПРЕТЕПАЛ 15-ГОДИШЕН УЧЕНИК: - еве каде последно е виден!

Петнаесетгодишниот Нихил Дохре починал во болница во индиската сојузна држава Утар Прадеш, откако претходно бил брутално претепан со стап од страна на својот професор. Според пријавата што ја поднел таткото на момчето во полиција, нападот се случил откако ученикот погрешно го напишал зборот „општествен“ на испит.

Како што навел таткото, професорот претходно овој месец го удирал момчето со стап и продолжил да го тепа сè додека тоа не ја изгубило свеста. Нихил им подлегнал на здобиените повреди во понеделникот, во болница во северниот дел на земјата.

По нападот, професорот побегнал од областа и полицијата интензивно трага по него.

„Тој е во бегство, но наскоро ќе го уапсиме“, изјавил полицискиот претставник Махендра Пратап Синг за агенцијата АФП.

Смртта на ученикот предизвикала голем гнев кај локалното население. По трагедијата избиле насилни протести во областа Аураја, а демонстрантите барале осомничениот професор да биде уапсен пред кремирањето на телото на момчето.

Стотици луѓе излегле на улиците во понеделникот. За време на протестите било запалено полициско возило, а десетици демонстранти биле уапсени, според информациите што ги соопштил Синг.

Началникот на полицијата Чару Нигам изјавил дека полициските сили употребиле сила за да ја растераат толпата, по што ситуацијата набргу била ставена под контрола.

Случајот дополнително ја отвори темата за дискриминацијата со која со векови се соочува заедницата Далити во Индија. Оваа заедница, која во минатото била нарекувана „недопирливи“, се наоѓа на најниските позиции во традиционалниот индиски кастински систем и долго време е изложена на предрасуди и нееднаков третман.

Полицијата продолжува да трага по професорот, кој се сомничи за нападот со смртни последици, додека околностите на трагедијата се предмет на истрага.

Најнови вести