ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА! 13 лица завршија во полициска станица - полицијата пронајде неверојатна количина наркотици!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА! 13 лица завршија во полициска станица - полицијата пронајде неверојатна количина наркотици!

Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на 30 и 31 октомври 2026 година, при полициски постапувања на повеќе локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип.

При контролите и претресите кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, таблети во различни бои, како и предмети на кои имало прашкаста содржина.

ДЕВЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ

Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т. (37), М.А. (32), Л.А. (18), Е.Ѓ. (23), О.Ј. (22) и О.К. (26), сите од Скопје, како и М.Х. (19) од населбата Илинден, скопско, И.С. (35) од селото Ново Село, гостиварско, и Г.К. (46) од Кочани.

Според полициските информации, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.

ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА И ТАБЛЕТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ПРИЛЕП

На 30 октомври, во 16:00 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека припадници на затворската полиција при Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп, за време на преглед на осуденото лице И.Р. (32) од Прилеп, пронашле прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои и предмети со прашкаста содржина.

ПРИВЕДУВАЊА И ВО БОГОВИЊЕ И ДЕМИР КАПИЈА

Истиот ден, во 21:00 часот, во селото Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Х.О. (44) од селото Пирок. При постапувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што бил задржан во полициска станица.

На 31 октомври, во 01:00 часот, во Демир Капија, бил приведен и С.Р. (29) од селото Корешница, демиркаписко. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една таблета. За настанот бил известен јавен обвинител.

ВО ШТИП ПРИМЕТЕН КАКО КОРИСТИ МАРИХУАНА

На 30 октомври, во 19:05 часот, во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.И. (26) од Скопје.

Додека извршувале службени задачи, полициските службеници забележале дека тој користи марихуана. По нивното забележување, лицето го фрлило отпушокот, кој бил пронајден и одземен од полицијата.

Од надлежните служби информираат дека по целосното документирање на сите случаи против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести