КМФ Кеги Моби Велес оствари значајна гостинска победа во четвртото коло од Првата футсал лига, совладувајќи ја екипата на СЕЕУ со убедливи 5:2, по извонреден пресврт во второто полувреме.
Иако на паузата имаа негатива, велешките футсалци покажаа силен карактер, борбеност и решителност, постигнувајќи дури пет погодоци во вториот дел и обезбедувајќи ги трите бода.
Големата голгетерска серија ја започна Кирил Ивановски во 25. минута, по што следуваа погодоците на Марио Панев во 32. и Иван Наунов во 33. минута. Иса Дурмишов ја продолжи одличната игра со гол во 35. минута, додека Петар Левков во 40. минута го заокружи убедливиот триумф.
Со оваа победа, Кеги Моби Велес уште еднаш го потврди својот натпреварувачки дух и способноста да одговори на предизвиците дури и во најтешките моменти од натпреварот.
Од клубот упатија честитки до целата екипа за прикажаната игра, како и благодарност до спонзорите и навивачите за континуираната поддршка.
Велешани продолжуваат со уште поголема мотивација и јасна цел – нови победи и успешни настапи во Првата футсал лига.









