ПРВ.мк
Црна Хроника

РАЗБОЈНИЧКИ НАПАД ВО СКОПЈЕ! Тројца вооружени лица ограбиле обложувалница во Чаир - еве колкава штета направиле!

 РАЗБОЈНИЧКИ НАПАД ВО СКОПЈЕ! Тројца вооружени лица ограбиле обложувалница во Чаир - еве колкава штета направиле!

Три машки лица извршиле разбојништво во спортска обложувалница на подрачјето на скопската општина Чаир, при што со закана со огнено оружје од вработен одзеле пари од дневниот промет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 30 октомври 2026 година, во 23:54 часот.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за сторителите, ниту колкава сума пари била одземена од објектот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата инволвирани во разбојништвото.

Најнови вести