ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕМА КРАЈ НА СМЕЈНОТО НАСИЛСТВО: Млада жена претепана од сопругот со тешки телесни повреди - бара помош од полицијата!

НЕМА КРАЈ НА СМЕЈНОТО НАСИЛСТВО: Млада жена претепана од сопругот со тешки телесни повреди - бара помош од полицијата!

24-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и малтретирана од сопругот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска, 31 октомври 2026 година, во 03:00 часот во СВР Скопје.

Жената пријавила дека нападот се случил претходниот ден, на 30 октомври, околу 13:00 часот. Според нејзините наводи, нејзиниот сопруг А.З. (24) од Скопје ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди, а воедно ѝ упатувал закани и кон членовите на нејзиното семејство.

Во пријавата таа навела и дека претходно била изложена на психичко и физичко малтретирање од страна на сопругот.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Најнови вести