Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска дел од жителите на општина Студеничани ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин во снабдувањето.
Според најавата, без струја ќе бидат корисниците во селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од домаќинствата во селото Долно Количани, поточно оние лоцирани во Долно Маало.
Прекинот е планиран во периодот од 08:30 до 15:30 часот.








