ПРВ.мк
Република

ЗАВРШУВА СЕЗОНАТА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ ВО МАВРОВО! Еве од кога стапува на сила забраната

ЗАВРШУВА СЕЗОНАТА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ ВО МАВРОВО! Еве од кога стапува на сила забраната

ЈУ Национален парк „Маврово“ ги извести спортските риболовци дека од 1 ноември 2026 година официјално завршува сезоната за спортски риболов на сите води што се наоѓаат во рамките на националниот парк.

Забраната за риболов ќе биде во сила до 31 јануари 2027 година. Новата сезона ќе започне на 1 февруари 2027 година и ќе трае до 31 октомври истата година.

Од установата апелираат до сите риболовци и посетители да ги почитуваат утврдените правила и периодот на забрана. Одговорното однесување, посочуваат од Националниот парк, е од особено значење за зачувување на рибниот фонд, заштита на водните екосистеми и одржување на природната рамнотежа.

Воедно, од НП „Маврово“ упатија благодарност до спортските риболовци за досегашната соработка, почитувањето на законските прописи и уредната документација, вклучително и риболовните дозволи, легитимациите и потребната опрема.

Посебна благодарност била упатена и за соработката за време на Светското крапско првенство. Од Националниот парк наведуваат дека риболовците тогаш покажале високо ниво на разбирање и коректност кон организаторите, партнерите и вработените во секторот за заштита на паркот.

Од ЈУ Национален парк „Маврово“ им се заблагодарија на сите риболовци и посетители за досегашната поддршка и соработка, со повик и понатаму заеднички да се придонесува кон зачувување на природните богатства на ова заштитено подрачје.

Најнови вести