ПРВ.мк
Скопје

ОД УТРЕ СТАПУВА ВО СИЛА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА РИБОЛОВ НА РЕКАТА ТРЕСКА: Еве што треба да знаат рибарите

ОД УТРЕ СТАПУВА ВО СИЛА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА РИБОЛОВ НА РЕКАТА ТРЕСКА: Еве што треба да знаат рибарите

Од утре, 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

Надлежните упатуваат апел до сите риболовци да ја почитуваат забраната и да не ловат риба во периодот предвиден за природен мрест. Нагласуваат дека зачувувањето на рибниот фонд е заедничка одговорност и дека почитувањето на мерките е важно за неговото обновување.

Против секое лице кое ќе биде затекнато како лови риба за време на забраната ќе биде поднесена прекршочна пријава, согласно член 101 став (1) точка 3, во врска со член 37 став (1) од Законот за рибарство и аквакултура.

За овој прекршок е предвидена глоба во износ од 250 евра. Покрај прекршочната постапка, против сторителите ќе биде поднесена и кривична пријава за „Незаконит риболов“, согласно член 229 став (1) од Кривичниот законик.

Надлежните повторно повикуваат на одговорно однесување и доследно почитување на забраната, со цел да се зачуваат реката Треска и нејзиниот рибен фонд за идните генерации.

Најнови вести