ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО+ВИДЕО) МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ ЛЕТААТ КОН ПОЛИЦИЈАТА, ВОДЕНИ ТОПОВИ КОН ДЕМОНСТРАНТИТЕ! Ескалација на протестите во Тирана - еве што спремаат за Рама

(ФОТО+ВИДЕО) МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ ЛЕТААТ КОН ПОЛИЦИЈАТА, ВОДЕНИ ТОПОВИ КОН ДЕМОНСТРАНТИТЕ! Ескалација на протестите во Тирана - еве што спремаат за Рама

Протестите во албанската престолнина Тирана денеска ескалираа во насилни инциденти, откако демонстрантите фрлале голем број молотови коктели кон полицискиот кордон пред Министерството за образование. Полицијата одговорила со употреба на водени топови во обид да ја растера толпата, пренесува „Еуроњуз“.

По неколкучасовно задржување и отпор пред Министерството, со почетокот на обилните врнежи, учесниците на протестот се префрлиле кон канцеларијата на премиерот Еди Рама. Главното барање на демонстрантите останува негова оставка.

За време на собирот биле забележани повеќе моменти на напнатост меѓу полицијата и демонстрантите. Дел од учесниците палеле контејнери за отпад, фрлале камења и молотови коктели кон полициските службеници, што довело до интервенција на безбедносните сили.

Откако демонстрантите се повлекле од просторот пред Министерството за образование, на местото пристигнале форензички екипи кои започнале со собирање докази и документирање на случувањата.

Рама повторно повика на дијалог, но ја отфрли можноста за оставка

Албанскиот премиер Еди Рама во петокот повторно ги повика демонстрантите на разговори. На социјалните мрежи објави фотографии од поставени столчиња пред зградата на премиерската канцеларија, со кои испрати порака дека е подготвен да разговара со студентите.

Сепак, Рама јасно стави до знаење дека не планира да поднесе оставка, и покрај барањата на демонстрантите.

Протестите во Тирана се одржуваат веќе 19-ти ден по ред, како дел од повеќенеделните собири на студенти и граѓани кои бараат оставка од премиерот и промени во политичкото раководство на земјата.

БОНУС ВИДЕО

Најнови вести