Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле украдени од магацин во Ѓаковица, Косово, потврди Косовската полиција, која веќе отворила истрага за случајот.
Кражбата е квалификувана како „тешка кражба“, а според полициското соопштение, настанот бил пријавен во петокот попладне. Пријавата ја поднеле двајца мажи, кои ја информирале полицијата за исчезнатото оружје.
Засега не се соопштува кој е сопственик на магацинот, ниту каков вид огнено оружје бил украден. Исто така, нема информации за можните сторители или за начинот на кој била извршена кражбата.
Од Косовската полиција информираат дека истрагата е во тек и дека се преземаат мерки за расветлување на случајот и утврдување на сите околности.







