Четири лица се уапсени во Грција под сомнение дека се претставувале како вработени во електродистрибутивна компанија, а потоа ги измамувале и ограбувале граѓаните. Според информациите објавени од „Екатимерини“, осомничените на овој начин се стекнале со плен чија вредност надминува 227.000 евра.
Осомничените се на возраст од 20 до 39 години и, според истрагата, организирале лажен телефонски центар во Западна Грција. За контакт со потенцијалните жртви користеле телефонски броеви кои не биле регистрирани.
Тие им се јавувале на граѓаните и ги убедувале дека во нивните домови постои проблем со електричната инсталација. Потоа им давале инструкции парите и накитот да ги остават во една просторија, додека самите требало да се префрлат во друга.
Додека жртвите ги следеле дадените насоки, нивни соучесници влегувале во домовите и ги одземале парите, накитот и другите вредни предмети.
Полицијата досега успеала да расветли еден случај на разбојништво и 15 кражби поврзани со оваа група









