ПРВ.мк
Република

(ФОТО) НЕ СЕ ПИШУВА ПРОГРАМА БЕЗ ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Јанчев разговараше со жителите на три села - ги слушна барањата на жителите!

(ФОТО) НЕ СЕ ПИШУВА ПРОГРАМА БЕЗ ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Јанчев разговараше со жителите на три села - ги слушна барањата на жителите!

Разговорите со граѓаните продолжуваат во рамки на подготовката на програмата за работа и развој на Општина Кавадарци за 2027 година. Денеска беа реализирани средби со жителите на селата Ресава, Дабниште и Бегниште, информираше градоначалникот Митко Јанчев преку објава на својот официјален Фејсбук-профил.

На средбите, жителите имаа можност директно да ги споделат своите предлози, идеи и приоритети, кои ќе бидат разгледани и земени предвид при планирањето на идните општински активности и проекти.

Од разговорите со мештаните треба да произлезат насоките за креирање на програмата, со цел идните инвестиции и активности да одговорат на потребите на локалното население.

Јанчев порача дека посетите и непосредната комуникација со граѓаните ќе продолжат, нагласувајќи дека секоја населба, секое село и секој предлог имаат значење за понатамошниот развој на Кавадарци.

Најнови вести