ПРВ.мк
Црна Хроника

АЛАРМ ВО КУМАНОВО: ИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈЧЕ - полицијата на нозе!

АЛАРМ ВО КУМАНОВО: ИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈЧЕ - полицијата на нозе!

Петнаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено за исчезнато, откако се оддалечило од семејниот дом на 29 октомври во вечерните часови.

Според информациите од кумановската полиција, случајот бил пријавен во СВР Куманово на 30 октомври 2026 година, во 23:30 часот. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот 28-годишен брат, А.А., исто така од Куманово.

„На 30.10.2026 во 23:30 часот во СВР Куманово, А.А. (28) од Куманово пријавил дека на 29.10.2026 година, околу 18:00 часот, од домот се оддалечила неговата 15-годишна сестра“, информираат од полицијата.

Од СВР Куманово соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на девојчето.

Засега нема дополнителни информации за околностите под кои таа го напуштила домот.

Најнови вести