ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО+ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“! Полиција и Брза помош се на терен - еве ги првичните информации!

(ФОТО+ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“! Полиција и Брза помош се на терен - еве ги првичните информации!

Масовна физичка пресметка вечерва го вознемирила скопскиот Аеродром, откако група лица се степала на крстосницата меѓу булеварот АСНОМ и улицата „Васко Карангелевски“, во непосредна близина на Спортскиот центар „Јане Сандански“.

На видеоснимките направени од екипата на „360 степени“ се гледаат полициски екипи на местото на инцидентот, како и едно лице кое лежи на коловозот по тепачката.

Набргу потоа пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која го презела повредениот и го транспортирала до здравствена установа.

Инцидентот се случил во близина на спортскиот центар, каде што за денеска, според најавите за дневните настани, бил закажан спортски натпревар.

Засега нема информации дали учесниците во тепачката биле навивачи на некој од клубовите или станува збор за физичка пресметка предизвикана од други причини.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјален одговор за настанот. Не се познати ниту точниот број на учесници, ниту околностите што довеле до инцидентот.

Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции за тоа што точно се случувало вечерва во близина на „Јане Сандански“.

ВИДЕО

ВИДЕО

Најнови вести