ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ЌЕ ЗАСВЕТИ КАКО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО: Еве кога почнува празничната магија!

СКОПЈЕ ЌЕ ЗАСВЕТИ КАКО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО: Еве кога почнува празничната магија!
Kristal

Во понеделник точно во 18 часот, главниот град ќе блесне во новогодишен сјај! Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски официјално најави дека тогаш ќе се вклучи празничното осветлување, со што ќе започнат Новогодишните и Божиќните манифестации на плоштадот „Македонија“.

Градот најавува свечена програма, музика, настапи и атмосфера која ќе ја симболизира претстојната празнична магија. Очекувањата се дека плоштадот ќе биде преполн, бидејќи традиционално илјадници скопјани и гости доаѓаат да го видат моментот кога Скопје се претвора во светлечка зимска приказна.

„Нашиот град е најубав кога свети од насмевки и празнична магија. Сите ја заслужуваме топлината што ја носат празниците. Затоа со голема радост ве канам да го започнеме едно ново празнично поглавје“, порача Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје упатуваат отворена покана до сите граѓани – да се соберат, да го почувствуваат духот на празниците и заедно да го означат почетокот на најубавиот период во годината.

FixCredit
Escape