ПРВ.мк
Македонија

АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Се шират нови измами – внимавајте и не наседнувајте!

АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Се шират нови измами – внимавајте и не наседнувајте!
Kristal

СВР Тетово известува за нов случај на измама, со кој граѓаните се доведуваат во заблуда и им се нанесува финансиска штета. Две лица од Тетово се пријавени за измама откако барале пари за лажно посредување во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Случајот се однесува на октомври 2024 година, кога Х.А. (58) убедила лице од Тетово дека може да му помогне да оствари надомест за помош и нега. За таа цел, заедно со С.Р. (51), побарале документи и парични средства, но барањето за надомест било одбиено, а парите не биле вратени.

СВР Тетово апелира до сите граѓани да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви лажни ветувања за брза помош или финансиски надомест. Полицијата предупредува дека секое барање за пари или услуги од лица кои тврдат дека можат да „посредуваат“ во институции треба да се проверува пред да се преземе било каква акција.

Сите кои се соочиле со слични случаи или поседуваат информации за можни измами се повикуваат веднаш да ја контактираат најблиската полициска станица или да пријават на бројот 192.

Внимавајте, проверувајте, и не дозволувајте да бидете жртви на измами!

FixCredit
Escape