Онлајн ѕвездата Мери Магдалена, позната по своите екстремни естетски операции и активност на социјалните мрежи, трагично почина на 33 години по пад од балкон на хотел во Тајланд.
Трагедијата се случила на деветти кат на хотелот Патонг во Пукет, само неколку часа откако Мери се пријавила за еднодневен престој. Телото било пронајдено од вработените, а судските вештаци ќе ја испитаат точната причина за смртта.
Мери, чиј вистинско име е Дениз Ивон Џарвис Гонгора, потрошила над 380.000 фунти на пластични операции и станала позната по својот екстремен изглед и бројни тетоважи. Таа се појавила и во документарниот проект „Soft White Underbelly“, каде искрено зборувала за својата зависност од естетските промени и односот со сопствениот изглед.
Во младоста, Мери пораснала во религиозно семејство каде филмовите на Дизни биле забранети, а уште од 12 години се соочила со секс и дрога. До 17 година била стриптизета и ескорт, а четири години подоцна почнала со серија естетски операции, меѓу кои и екстремни интервенции на интимните делови.
Пред смртта, таа објавила фотографија од детството и сцена од филмот „Шоуто на Труман“, оставајќи големо влијание на своите следбеници.

















