ПРВ.мк
Балкан

Пронајдени две бомби покрај пат – издаден ХИТЕН АПЕЛ до граѓаните!

Пронајдени две бомби покрај пат – издаден ХИТЕН АПЕЛ до граѓаните!
Kristal

Полицијата во Чачак денес околу 11 часот добила пријава дека во селото Видова, покрај патот Овчар Бања–Чачак, се пронајдени две рачни бомби.

– Полицијата веднаш излегла на терен и го обезбедила местото на настанот, а за случајот се известени и надлежните служби. Во моментов се спроведуваат мерки за безбедно отстранување на експлозивните направи – потврдија од полицијата во Чачак за агенцијата РИНА.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива со зголемена внимателност, а полицијата апелира до граѓаните да не се приближуваат до местото на пронаоѓање на бомбите и да ги почитуваат упатствата на надлежните органи.

FixCredit
Escape