ПРВ.мк
Македонија

Николовски тврди: „Нема да ви удри по џеб!“

Николовски тврди: „Нема да ви удри по џеб!“
Kristal

Новите измени на Законот за ДДВ, кои скоро ќе стапат во сила, нема да ги погодат ниту граѓаните ниту бизнис заедницата, уверува директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Според него, мерките се „коректни“ и нема да предизвикаат финансиски удар врз купувачите, особено оние што редовно купуваат онлајн.

Со измените се укинува досегашното ослободување од ДДВ за пратките нарачани преку интернет со вредност до 22 евра — што значи дека сите нарачки, без исклучок, ќе се оданочуваат. Николовски потенцира дека со тоа Македонија конечно ќе се усогласи со европските правила и ќе ја следи праксата на ЕУ.

Иако дел од јавноста стравува дека ова ќе го намали онлајн купувањето, анализите на институциите покажуваат дека драстичен пад не се очекува. Напротив, Буџетот ќе добива дополнителни средства, а товарот врз граѓаните, како што вели Николовски, ќе биде минимален.

FixCredit
Escape