ПРВ.мк
Свет

Тврдеше дека ја убил во самоодбрана - по осум години вистината излезе на виделина!

Тврдеше дека ја убил во самоодбрана - по осум години вистината излезе на виделина!
Kristal

Британецот Роберт Родс (52) од Сари, кој осум години тврдеше дека ја убил сопругата Доун во самоодбрана, конечно е прогласен за виновен – и тоа благодарение на пресудно сведоштво на нивното дете.

Убиството се случило во 2016 година, а Родс во 2017 бил ослободен од обвинението поради наводна самоодбрана. Случајот бил затворен – сè до 2021 година, кога нивното дете конечно собрало храброст да каже што навистина се случило.

Во сведочењето признало дека таткото го манипулирал да лаже и да го поддржи неговото алиби, што целосно ја променило истрагата.

По повторното отворање на случајот, Апелациониот суд ја поништил старата пресуда, а поротата на Крунскиот суд во Лондон го прогласи Родс за виновен за убиство, суровост кон дете, попречување на правдата и кривоклетство.

Изрекувањето на казната е закажано за 16 јануари, а британските медиуми јавуваат дека Родс се соочува со доживотна затворска казна.

FixCredit
Escape