ПРВ.мк
Свет

Се воведува нов сообраќаен знак - Високи казни за непочитување!

Се воведува нов сообраќаен знак - Високи казни за непочитување!
Kristal

Европските возачи се предупредуваат: новиот сообраќаен знак кој веќе се воведува во градови како Лион, Гренобл и Стразбур носи високи казни за непочитување – до 135 евра во Франција и 200 евра во Шпанија.

Станува збор за сино-бел знак кој означува лента резервирана за одредени возила. Лентата е наменета за возила со најмалку двајца патници, електрични возила со налепница за нулта емисија, такси без патници и јавен превоз.

Целта на оваа мерка е да се намалат сообраќајните застои и да се забрза протокот на возила, но непочитувањето на правилата ќе биде строго казнувано. Возачите се повикуваат внимателно да ги следат сообраќајните знаци и да се придржуваат до новите правила за да избегнат големи парични казни.

Очекувањата се дека новите знаци ќе се проширaт низ целата Франција, а со тоа и контролата на сообраќајот ќе стане построга во цела Европа.

FixCredit
Escape