ПРВ.мк
Црна Хроника

4 насилства во само едно деноноќие: жени пријавувале сопрузи и партнери, имало и апсење

4 насилства во само едно деноноќие: жени пријавувале сопрузи и партнери, имало и апсење

Во последните 24 часа полицијата евидентирала четири случаи на семејно насилство, од кои три се однесуваат на жени што пријавиле напад или закани од сопрузи и партнери во Скопје, додека во Штип бил приведен маж поради тешко насилство врз својот татко.

Еден од случаите бил пријавен утрово во 6:30 часот, кога 50-годишна жена од скопско пријавила дека неколку часа претходно, околу 1 часот по полноќ, била физички нападната во својот дом од сопругот.

Претходно, на подрачјето на Центар, полицијата уапсила 26-годишен маж откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 25-годишна партнерка. Настанот се случил околу 1:30 часот, а по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во уште еден случај, 48-годишна жена од скопско пријавила дека нејзиниот сопруг ѝ упатувал закани. И за овој настан, како што информираат од МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување.

Покрај овие случаи, во Штип бил лишен од слобода 35-годишен маж, откако бил пријавен дека во двор од семејна куќа физички го нападнал својот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди.

Полицијата најавува дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни постапки.

Најнови вести