ПРВ.мк
Црна Хроника

Кочани повторно во фокусот: малолетник приведен по сериозен инцидент што ја вознемири јавноста

Кочани повторно во фокусот: малолетник приведен по сериозен инцидент што ја вознемири јавноста

Полицијата во Кочани рано утринава приведе 15-годишен малолетник по пријава за сериозен инцидент во кој е вклучено друго малолетно лице. Настанот, според информациите од Министерството за внатрешни работи, се случил во текот на вчерашниот ден, а случајот веднаш бил пријавен и процесиран.

Малолетникот бил лишен од слобода во 02:35 часот и со него е извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа, во согласност со законските процедури кога се работи за лица под 18 години.

Од МВР информираат дека во моментов се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. Надлежните институции внимателно постапуваат, имајќи ја предвид чувствителноста на случајот и возраста на вклучените лица.

Случајот предизвика реакции во јавноста, а институциите апелираат на воздржаност и почитување на приватноста, особено кога станува збор за малолетни лица.

Најнови вести