ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Влезете во „Забранетиот град“ - Најскапата тајна на Југославија!

(ВИДЕО) Влезете во „Забранетиот град“ - Најскапата тајна на Југославија!
Kristal

Сместен длабоко во планината Златар, кај Коњиц во Босна и Херцеговина, „Титовиот бункер“ – официјално познат како АРК/Д-0 – бил најстрого чуваната тајна на Југославија. Граден цели 26 години (1953–1979), бункерот бил наменет за заштита на Јосип Броз Тито и 350 највисоки функционери во случај на нуклеарна војна.

Неверојатната цена на објектот достигнала 4,6 милијарди долари, а за неговото постоење знаеле само Тито и уште петмина највисоки официјални лица. Сместен 300 метри под земја и со површина од 6.500 м², бункерот бил автономен – со сопствени извори на вода, резервоари со нафта, базен, телефонски централи и напредни системи за климатизација и заштита од радијација.

Внатре се наоѓаат конференциски сали, спални соби, канцеларии, а постои и таен излез кој не е прикажан на мапите.

По тајноста, бункерот останал скриен сè до 1992 година, кога бил предаден на Територијалната одбрана за време на војната во БиХ. Денес, од 2011 година, бункерот е отворен за јавноста како музеј и простор за современа уметност, привлекувајќи туристи од целиот свет кои сакаат да го видат чудото на југословенското воено инженерство.

ВИДЕО

FixCredit
Escape