Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, денес одржаа телефонски разговор посветен на продлабочување на соработката меѓу двете држави, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Шефовите на државите разменија мислења за понатамошниот развој на пријателските руско-венецуелски односи во согласност со договорот за стратешко партнерство и соработка што стапи на сила во ноември оваа година“, стои во соопштението, пренесе ТАСС.
Според Кремљ, Путин изразил солидарност со венецуелскиот народ и ја потврдил поддршката за политичкиот курс на владата на Мадуро, насочен кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата во услови на зголемен надворешен притисок.
Разговорот доаѓа во период на интензивирани контакти меѓу Москва и Каракас, кои последниве години го зацврстуваат своето партнерство во енергетиката, економијата и одбраната.
















