Доколку барате дестинација што вистински го доловува духот на празниците, но без студот и мразот – тогаш италијанското селце Локоротондо е местото каде што божиќната магија станува реалност. Ова мало, шармантно гратче во регионот Апулија се претвора во вистинска зимска бајка – на италијански начин, со стил и топлина која тешко се заборава.
Камените улички се претворени во светлечки тунели од лампиони, светилки и празнични украси, а на секој чекор ве пречекуваат симпатични Дедо Мразовци, црвени панделки и декоративни детали што му даваат посебен шмек на ова место.
Локоротондо е само 70 километри од Бари, а патувањето до таму е едноставно – лет до Бари и кратко патување низ убавините на Апулија.
Она што го прави ова село посебно е фактот што локалците ги украсуваат своите домови и локали во свој, автентичен италијански стил, создавајќи хармонија што го обвива целото место со празнична топлина.
Традиционалниот италијански амбиент – белите куќички, тесните улички и шармантните тераси – совршено се вклопуваат со божиќната декорација, претворајќи го Локоротондо во едно од најубавите божиќни селца во Европа.
Ова е дестинација која дефинитивно вреди да се посети, било за викенд бегство, романтичен одмор или едноставно за да се почувствува магијата што ја има само Италија во празничниот период.




















