ПРВ.мк
Македонија

КОНЕЧНА ПОТВРДА: Еве за колку се зголемува минималната плата во Македонија!

КОНЕЧНА ПОТВРДА: Еве за колку се зголемува минималната плата во Македонија!
Kristal

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, официјално потврди дека минималната плата во Македонија ќе се зголеми од март 2026 година. Според најавите, покачувањето ќе изнесува приближно 1.500 до 2.000 денари, во зависност од пресметката врз основа на законската формула.

„Минималната плата се пресметува како комбинација од 50% од просечната нето плата од претходната година и 50% од трошоците за живот. Кога ќе има усогласување во март, граѓаните ќе добијат повисока минимална плата“, рече Дурмиши во ТВ гостување.

Министерот истакна дека одлуката е донесена согласно законските параметри и дека Владата ќе продолжи со континуирано зголемување на минималната плата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

FixCredit
Escape