Денес, од 7:30 часот, корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај во Општина Сарај, како и повисоките катови на зградите во населбата Ѓорче Петров, ќе останат без водоснабдување.
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје појаснуваат дека причината е дефект на затворач со пречник од Ф-350 мм на улицата „20“ во Сарај, а прекинот ќе трае додека не се санира проблемот.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре, од 8:30 до 9:30 часот, без електрична енергија ќе останат објектите на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-Скопје и на „Форд“ на крстосницата на булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ во Општина Бутел.

















