Сите средни училишта во Скопје наскоро ќе бидат дел од голем проект за енергетска трансформација, со цел зголемување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за струја, потврди градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седница на Советот на Град Скопје.
Проектот предвидува инсталирање на сопствени фотоволтаични системи во сите средни училишта до крајот на мандатот на градоначалникот, што се очекува да го намали потрошувачкиот трошок за електрична енергија за над 30%.
Мерката следи по успешната имплементација на фотоволтаици во основните училишта во општина Кисела Вода, кои веќе обезбедуваат одржливост, современи услови за учење и рационално користење на јавните средства.
„Фотоволтаиците се чист и исплатлив извор на енергија, кој ни овозможува стабилност и помала зависност од традиционални извори. Со нив создадаваме модерни и одржливи училишта за идните генерации,“ истакна Ѓорѓиевски.

















