ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Авион слета директно врз автомобил на патот - му откажал моторот!

(ВИДЕО) Авион слета директно врз автомобил на патот - му откажал моторот!
Kristal

Снимка од камера во автомобил на автопатот во Флорида го фатил моментот кога мал авион во понеделникот принудно слетал директно врз кровот на „Тоjота“.

Несреќата се случила на автопатот I-95, во округот Бревард.

Локалната противпожарна служба потврди дека во авионот имало две лица, додека во автомобилот имало еден човек.

Возачот на „Тоjота“, 57-годишен маж, бил пренесен во болница со полесни повреди, додека патниците од авионот поминале неповредени.

Американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот (NTSB) започнала истрага за случајот.

Според првите информации, до падот дошло откако моторот на авионот изгубил моќ, а пилотот се обидел да слета на патот.

ВИДЕО

FixCredit
Atensa 300
Escape