Ноќеска околу 00:35 часот, во полицијата пријавено е дека на регионалниот пат Кочани–Пониква, во патничко возило „Фолксваген Поло“ со кочански регистарски ознаки, е пронајден Г.А. (46) од Кочани во бессознание, без видливи повреди.
Лицето веднаш е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на медицинска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за настанот.















