ПРВ.мк
Свет

НЕ ЈАДЕТЕ МОРСКА ХРАНА: Мистериозна пандемија се шири, научниците алармираат „Ова е загрижувачки“

НЕ ЈАДЕТЕ МОРСКА ХРАНА: Мистериозна пандемија се шири, научниците алармираат „Ова е загрижувачки“
Kristal

Видот морски еж Diadema africanum, кој е важен за здравјето на морските екосистеми, е речиси целосно исчезнат на Канарските острови и Мадеира поради непозната болест. Од 2021 година популацијата на Тенерифе е намалена за 99,7%, додека на Мадеира за 90%.

Масовни угинувања на овој вид се забележани и во Црвеното Море, Медитеранот, Карибите и западниот дел на Индискиот океан, што ги загрижува научниците поради можните последици врз ланецот на исхрана.

Истражувачот Иван Кано од Универзитетот Ла Лагуна вели дека ситуацијата е „многу загрижувачка“ и предупредува дека човечките активности веројатно го овозможиле ширењето на оваа мистериозна пандемија. Тој потенцира дека луѓето треба да бидат внимателни со консумацијата на морска храна од погодените региони, бидејќи здравјето на морските организми е тесно поврзано со безбедноста на нашата исхрана.

FixCredit
Escape