ПРВ.мк
Македонија

Судиите и административците остануваат без ноемвриска плата – се закануваат дека ако не ја добијат ќе го направат ова!

Судиите и административците остануваат без ноемвриска плата – се закануваат дека ако не ја добијат ќе го направат ова!
Kristal

Судиите и вработените во судската администрација сè уште не ја добиле ноемвриската плата, а четири суда веќе најавиле можен прекин на работа ако ситуацијата не се реши. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, нагласува дека не е исплатен ниту регресот за годишен одмор, иако трезорската сметка треба да се затвори до 15 декември. Вкупно се опфатени околу 1.400 до 1.600 вработени.

Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судската администрација веќе упатија барања до Владата и надлежните институции, предупредувајќи дека без итна интервенција може да следи штрајк во сите судови.

Деаноски појасни дека проблемите со кадарот се сериозни: недостигаат референти, дактилографки и стручни соработници, а вработените често мора да ја покриваат работата за повеќе колеги. Во Врховниот суд, на пример, има 44 дактилографки на 69 судии, а во писарниците еден вработен работи со по двајца-тројца судии и одговара за 600 до 1.200 предмети. Дополнително, додатоците на плата не се исплатени од март, што Деаноски го нарекува неприфатливо.

Тој побара итно донесување на законот за судската служба и Јавното обвинителство, за од 2026 година да се вреднува и регулира работата во судската сфера. Според него, сегашниот начин на распределба на средствата од Судскиот буџетски совет е несоодветен и не ги зема предвид потребите на вработените, додека платите на членовите на советот се значително повисоки од оние на судиите.

Состојбите во судството, според Деаноски, се причина што токму таму се бележи најголем број штрајкови и незадоволство меѓу вработените.

FixCredit
Escape