ПРВ.мк
Скопје

Скопје ќе блесне за 53.000 евра – што точно се крие зад големата инвестиција?

Скопје ќе блесне за 53.000 евра – што точно се крие зад големата инвестиција?
Kristal

Градот Скопје ќе добие новогодишно и божиќно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53.000 евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“, која како единствен понудувач ќе го изведе проектот. Компанијата веќе има искуство со слични проекти во Општина Центар и во Штип, а претходно работела и на празнични декорации во Кавадарци и Чаир.

Според спецификацијата, најголем дел од украсите ќе бидат поставени на плоштадот „Македонија“. Таму ќе се најдат: новогодишна елка висока 13 метри, 3Д фигури како мечиња и подароци, големи светлосни ѕвезди, „ѕвездено небо“ од околу 800 м² LED-мразулци и светлосни обвивки на 25 канделабри.

Покрај плоштадот, украсите ќе ги красат и главните улици и булевари во градот, меѓу кои: „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Гоце Делчев“, „Партизански Одреди“ и „Филип Втори Македонски“. Пред Владата ќе бидат поставени 40 светлосни елементи, слични на оние што ќе бидат на булеварите.

Фирмата е задолжена и за демонтажа на декорациите по завршувањето на празничниот период. Градот сè уште не објавил точен датум за започнување на поставувањето, кое ќе следи веднаш по формалното потпишување на договорот.

FixCredit
Atensa 300
Escape