ПРВ.мк
Скопје

ПО 70 ГОДИНИ: ООУ „Панајот Гиновски“ добива целосно нова спортска сала!

ПО 70 ГОДИНИ: ООУ „Панајот Гиновски“ добива целосно нова спортска сала!
Kristal

Во ООУ Панајот Гиновски започна целосна реконструкција на старата училишна спортска сала, стара 70 години, со цел да се обезбедат модерни и безбедни услови за учениците.

Со поддршка од Министерството за образование и наука, проектот вклучува поставување на целосно нов под со соодветна подлога, реконструкција на санитарните јазли и изградба на нови соблекувални. Со оваа обнова, учениците ќе добијат современа спортска инфраструктура за сите училишни спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование.

Дополнително, наскоро ќе започне и доградбата на училиштето, што ќе овозможи одвивање на наставата во една смена и подобрување на условите за учење. Со овој капитален проект, се инвестира во квалитетот на образовниот процес и во иднината на учениците.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo