Околу 30.000 германски туристи се заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот меѓу Америка, Израел и Иран. Тие се наоѓаат на крстосувачки бродови, во хотели или на затворени аеродроми и не можат да се вратат дома.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека во моментов воена евакуација не е можно поради затворениот воздушен простор, но владата разгледува други опции за безбедно враќање на граѓаните.
Туристите се повикуваат да ги следат инструкциите на германските туристички агенции и локалните власти. Германската туристичка асоцијација апелира: „Итно останете во резервираните хотели и не патувајте сами до аеродром или во соседна земја“.


















