ПРВ.мк
Скопје

Скопје итно му треба градска полиција која ќе казнува за ѓубре и измет од миленици

Скопје итно му треба градска полиција која ќе казнува за ѓубре и измет од миленици

Во главниот град проблемот со отпадот станува се посериозен. Надлежните често не го собираат сметот навреме, додека несовесни граѓани го оставаат насекаде.

Дискусијата за формирање на комунална полиција се засилува со цел преку санкции да се „воспита“ населението кое го запоставува својот град. Особено се критикуваат сопствениците на миленици кои не го собираат изметот по нивните миленици за време на прошетки.

На социјалните мрежи ова стана тема на денот: „На Скопје му треба градска полиција која ќе казнува несовесни луѓе кои фрлаат ѓубре каде што ќе им текне и оние што не го чистат изметот од милениците.“

Escape