ПРВ.мк
Скопје

НОВ РЕЖИМ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Од денеска плаќањето во зоните има промена – возачите да внимаваат!

НОВ РЕЖИМ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Од денеска плаќањето во зоните има промена – возачите да внимаваат!

Од денеска стартува летниот режим на работа во сите зони што се под надлежност на ЈП „Градски паркинг“, што значи дека паркирањето од понеделник до сабота ќе се наплаќа во продолжен термин – од 7 до 23 часот.

Од претпријатието апелираат до граѓаните внимателно да го следат новото работно време и навремено да ја регулираат наплатата за паркирање за да избегнат непријатности и дополнителни трошоци.

Продолжениот режим ќе важи за зоните А, Б, Ц и Д и ќе остане во сила до 1 октомври, кога повторно ќе започне зимскиот режим на наплата.

Според зимскиот распоред, во зоните А, Б и Ц паркирањето од понеделник до петок се наплаќа од 7 до 21 часот, додека во сабота работното време е од 7 до 14 часот.

Зоната Д останува со непроменет режим во текот на целата година и таму паркирањето и понатаму ќе се наплаќа од 7 до 23 часот. Оваа зона останува и најевтина, со цена од 25 денари за еден час паркирање.

Бесплатно паркирање во зоните е дозволено само во недела и за време на државни празници.

Најнови вести