ПРВ.мк
Балкан

Ако тргнувате за Грција, прочитајте го ова! Нови правила на Евзони поради огромните колони

Ако тргнувате за Грција, прочитајте го ова! Нови правила на Евзони поради огромните колони

Грчките власти најавуваат промени во организацијата на работењето на граничниот премин Евзони со цел да се намалат долгите колони кои во изминатиот период им создаваа проблеми на туристите. Причина за застојот е примената на новиот систем за евиденција на влез и излез од Шенген-зоната, но и техничките проблеми кои дополнително ја усложнија ситуацијата.

Според најавите, наскоро би можеле да бидат отворени две, па дури и три посебни ленти за туристички автобуси, што значително би го забрзало преминувањето на границата. За време на празничниот викенд, метежот беше особено голем поради зголемениот број патници кои патуваа кон грчките туристички центри.

Дополнителен хаос предизвикале и прекини во работата на информатичкиот систем на грчките гранични премини, кои биле последица на проблеми со електричната енергија. Во одредени периоди работела само една лента за автобуси и две за автомобили, што довело до повеќечасовни чекања.

Од туристичките организации велат дека состојбата брзо се подобрила, а автобусите подоцна чекале најмногу околу еден час.

За патниците кои патуваат со сопствен автомобил се препорачува користење на алтернативните премини Дојран и Меџитлија, каде што задржувањата биле значително пократки.

Најважниот совет за летната сезона е да се избегнува периодот од 06:00 до 15:00 часот, кога традиционално се создаваат најголемите гужви. Искуството покажува дека во вечерните и ноќните часови сообраќајот на границата е многу порастоварен, па патувањето може да биде побрзо и помалку стресно.

Најнови вести