ПРВ.мк
Скопје

МОБИЛНИТЕ ПОД КЛУЧ И ВО СРЕДНИТЕ? - Се најавуваат нови правила за учениците!

МОБИЛНИТЕ ПОД КЛУЧ И ВО СРЕДНИТЕ? - Се најавуваат нови правила за учениците!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град.

Тој посочи дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата и дека општината била меѓу првите што ја примениле оваа мерка.

Според Ѓорѓиевски, во наредниот период ќе следуваат разговори со директорите на средните училишта за дефинирање на нови правила околу користењето мобилни телефони на часовите.

Телефоните би можеле да се користат само кога тоа е потребно за наставата и со дозвола од наставникот, додека во сите други случаи учениците ќе треба целосно да се посветат на следење на наставата.

„Онаму каде што ќе има потреба да се користат, и е во согласност со наставата, ќе биде овозможено со посебна дозвола од наставниците, а сè друго ќе биде посветено на учење за време на часот“, изјави Ѓорѓиевски.