ПРВ.мк
Скопје

Голема еко-акција „Генералка викенд“ ја раздвижи општина Бутел: Исчистени училишта, дворови и јавни површини

Голема еко-акција „Генералка викенд“ ја раздвижи општина Бутел: Исчистени училишта, дворови и јавни површини

Во општина Бутел се спроведе масовна еко-акција под наслов „Генералка викенд“, со цел уредување и чистење на повеќе локации и создавање почиста и поздрава животна средина.

Во акцијата активно се вклучија ученици од општинските основни училишта, деца од градинките, како и голем број граѓани, кои заеднички работеа на собирање и отстранување на отпадот од различни делови на општината.

Во текот на денот биле расчистени училишните дворови, јавните површини и местата каде најчесто се собираат деца и млади, со што значително се подобрил изгледот и хигиената на овие простори.

Дополнително, во рамки на акцијата во изминатите денови бил отстранет и кабаст отпад кој подолго време се акумулирал во училишните објекти и нивната околина.

Од општината посочуваат дека ваквите активности имаат за цел не само моментално чистење, туку и долгорочно развивање на еколошка свест кај најмладите и граѓаните.

Според нив, грижата за животната средина е континуиран процес кој бара постојана едукација, вклученост и одговорност, со цел создавање на зелена и уредена општина за сите жители.