ПРВ.мк
Црна Хроника

Расправија за Југославија заврши со убиство - деталите застрашувачки

Расправија за Југославија заврши со убиство - деталите застрашувачки

Педесет и седумгодишен државјанин на Хрватска е осуден на 12 години затвор поради убиството на свој пријател во Виена, по расправија која избувнала за време на дружење.

Според судските информации, трагичниот настан се случил кон крајот на ноември минатата година во стан на нивна заедничка пријателка. За време на вечерта тројцата консумирале алкохол, а разговорот за војните во поранешна Југославија постепено прераснал во жестока расправија.

Според сведочењата, конфликтот дополнително ескалирал кога жртвата станала агресивна и физички ја оттурнала жената која била присутна. Обвинетиот пред судот изјавил дека во тој момент изгубил контрола, земал нож од кујната и го нападнал својот пријател.

Жртвата била прободена двапати во грбот, при што еден од ударите го погодил срцето. Четириесет и деветгодишниот маж починал на местото на настанот.

За време на судењето, обвинетиот признал дека го усмртил пријателот, но тврдел дека немал намера да го убие.

Одбраната посочила дека тој немал претходно криминално досие, дека самиот ги известил полицијата и итната медицинска помош и останал на местото на настанот до нивното пристигнување.

Судот му изрече казна затвор од 12 години, но пресудата сè уште не е правосилна.