ПРВ.мк
Скопје

ШОК ВО СКОПЈЕ: Уапсен 79-годишен маж - сексуално вознемирувал малолетна сосетка!

ШОК ВО СКОПЈЕ: Уапсен 79-годишен маж - сексуално вознемирувал малолетна сосетка!

Полицијата во Скопје приведе 79-годишен маж по пријава дека допирал по телото малолетничка, која живее во негово соседство.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера, по што полициски службеници од СВР Скопје постапиле и го лишиле од слобода лицето во вечерните часови.

Според официјалните информации, настанот се случил истиот ден околу 15:00 часот во неговиот семеен дом, каде што, како што е пријавено, дошло до недолично однесување кон малолетната сосетка.

Полицијата наведе дека веднаш по пријавата биле преземени мерки и активности, а лицето било уапсено во 23:00 часот.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и ќе се постапува согласно законските прописи.